1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаМексико

Од агава до текила

18 април 2024

Ова не се ананаси, иако наликуваат на нив. Ова е плантажа со агава - растение од кое се произведува пијалокот текила, кој го носи името по истоимениот град во Мексико.

Плантажа со агава во Мексико
Плантажа со агава во МексикоФотографија: Ulises Ruiz/AFP

Химадорес (лица кои работат на плантажа со агава) носат агава во Текила, Мексико. Градот Текила оваа година одбележува 50 години од почетокот на ставањето на ознаката Текила како место на потекло, кое на потрошувачите им е гаранција за автентичноста на производите што го носат ова име.

За време на жетвата, сите лисја се отстрануваат од растението и срцето се отсекува веднаш над земјата. Обликот потоа наликува на ананас или шишарка, поради што срцата од агава се нарекуваат и „пиња“. Тие тежат десетици килограми. Се сечат на парчиња и се ставаат во печки од тули или бетон за да „крчкаат“. Овој процес обично трае помеѓу 24 и 36 часа. Сокот што се добива со загревање и цедење на срцата од агава е познат како сируп од агава (аквамиел = медна вода). Откако целиот „аквамиел“ ќе се отстрани од агавата преку овој процес, шеќерот што го содржи може да се ферментира во алкохол кој што може да се дестилира.

Денес, одгледувањето агава се смета за дел од мексиканскиот национален идентитет, а областа со плантажи со агава и големи стари дестилерии во Текила, Аренал и Аматитан - за национално наследство. Тие станаа светско наследство во 2006 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми