1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаОбединети Арапски Емирати

Големи поплави во Дубаи

17 април 2024

Кога пустината се претвори во море - вака изгледа една од главните сообраќајници во Дубаи по вчерашното големо невреме.

Поплави во Дубаи
Поплави во ДубаиФотографија: Jon Gambrell/AP/dpa/picture alliance

Големото невреме кое го зафати Дубаи за само неколку часа донесе дожд колку за година и половина. Поплавени се главните сообраќајници и аеродромот. Поради тоа мораа да бидат пренасочувани летови.

Големите дождови кои ги зафатија Обединетите Арапски Емирати и делови на Катар и Бахреин предизвикаа поплави. Во Оман, во неделата и понеделникот (14/15.04) во невремето загинаа 18 лица.

Метеоролозите и за денеска (17.04) најавуваат бури, па училиштата во Обединетите Арапски Емирати веројатно ќе останат затворени.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми